Шилегов и Трајановски во трка за татко на Скопје?

475
1

Во јавноста веќе се споменуваат конкретни имиња за кандидати за градоначалници. Во трката за Скопје, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе оди со Коце Трајановски, а во СДСМ размислуваат битката за Скопје да ја води Петре Шилегов. Андреј Жерносвски ќе бара втор мандат, зашто како што рече, има уште многу проекти за реализирање. Аспирации за Центар покажува и директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ, пренесува А1.он.

Newsroom.mk дознава дека Велимир Смилевски е потенцијален кандидат за градоначалник на СДСМ за Бутел, а битката за Кисела Вода од истата партија ќе ја води Филип Темелковски.
Се шпекулира дека кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Центар е Сашо Стефановски, кој е актуелен директор на Фондот за здравство, а во трката за Скопје ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе оди со Коце Трајановски.

Во трката за градоначалник на Аеродром е Златко Марин од СДСМ, а Душко Весовски се истакнува како најсигурен кандидат од СДСМ за градоначалник на Карпош. За Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ не се знае кого ќе кандидира, а за Карпош извесно е дека Стевчо Јакимовски ќе се бори за уште еден мандат.