Шмизли и кремци во МНТ, Булевар, Ла Гараж … Скопската шема во 90-тите

316
1

Да бидам искрена јас го фатив времето на Булевар, свирките во Вулкан ми текнува како Влатче од Морал беше најпосакуван фраер, ги пеевме песните на Врчак и незаборавниот хит со ПС…

Во главно, почетокот на шема ја означуваше отварањето на МНТ. Потоа шемата се пресели  во BOULEVARD. Ова беше едно од ретките места каде имаше и џуниор и сениор забави. Единствена летна дискотека со два ката беше Ла Гараж во Градскиот парк која подоцна се преименуваше во Елемент. Да не заборавам да ја напомена и Кабрио скопското диско со базенот. Овде се тераше вистинската шема од постарите. И таму не смееше да влезе било кој. Постоеше едно месетенце карши гимназијата „Јосип Броз“ –  УНА кое не беше поголемо од 30 квадрати, ама овде шемата се вртеше на тротоарот пред УНА.

На листата ќе ги додадам Вулкан, Златна Ружа, Тунел, Универзум, Шевињон, Мусандра, Парадизо,Ринг, Змија, Стоби.…Седенките во Парк кај Школка или на трева со Витач и гитарче ни беа задолжителни во летниот распуст.А на кафе, чај, салеп задолжително одевме во Ориент, Њу ејџ… Јадевме во Булс (денешно Тренд) 7ца,По-Пе, Лап Лап, Кинг Бургер, Аркадија и гледавме уште филмови во Кино Вардар и Култура. На спрат.

Ито така во тоа време Phard и Diesel беа најпопуларни брендови во тинејџерските денови. Сите копнееа да ги имаат овие парчиња облека во својот плакар, а речиси и да не постоеше некој кој немаше барем едно парче оттаму. Ќе се сетиме дека девојчињата облечени од глава до петици во Phard беа најпосакуваните девојки во градот и беа нарекувани шмизли, а момчињата облечени во Diesel беа кремци.

Ех, убава спомени …..Едноставно време со многу голема понуда за добра забава во главниот град. Си одевме во 21.30 пред врата, задолжително во парови за да можеме да влеземе и се враќавме во последниот автобус во 00.20 од Рекорд.

Кажете ги вие вашите искуства и спомени од скопската шема во вашето време, или уште подобро – од времето на вашите родители.

извор:скопјеинфо