Шокантно признание на Бранимир Јовановиќ: Откако сум советник владата на СДСМ се задолжи 4 пати

1831

Неколку работи околу задолжувањето.

Откако влеговме во Министерството, се задолживме 4 пати. На 6 јуни 8,1 милиони евра, на 20 јуни 5,6 милиони евра, на 27 јуни 19,5 милиони евра и на 4 јули 27,2 милиони евра. Вкупно, 60 милиони евра.

Но, се раздолживме исто така 4 пати – 8,1 милион евра на 7 јуни, 5,6 милиони евра на 21 јуни, 18,8 милиони евра на 25 јуни и 7,8 милиони евра на 5 јули. На 5 јули вративме и долг на Дојче Банк, од 75 милиони евра. Вкупно, вративме 115 милиони евра.

Значи, за овие месец дена, сме го намалиле долгот за вкупно 55 милиони евра. Или, 1,8 милиони евра дневно, 76000 евра на саат, 21 евро во секунда.

За споредба, во претходните 11 години, долгот порасна за 3 милијарди евра, односно растеше 270 милиони евра годишно, 740000 евра дневно, 9 евра во секунда.

Да бидам искрен, не верувам дека долгот ќе паѓа цело време. Но, и не мора. Не ни треба штедење, ни треба одговорно трошење на јавните пари.

Тоа пак се постигнува со транспарентност од наша страна и притисок од ваша. Затоа и ставаме толкав акцент на транспарентноста. Затоа и вие треба да нѐ критикувате и да ни давате коментари и сугестии.

извор:мкдтимес

Loading...