Што сака да ви каже девојката која ја крие својата депресија?

354

Тоа сум јас. Твојата ќерка. Твојата мајка. Твојата сестра. Твојата другарка. Твојата колешка. Јас сум многу работи за многу луѓе. Но, кријам нешто веќе подолго време.

Јас сум во депресија.

Шокантно нели? Јас сум девојката која го сака животот. Се смејам, се дружам со многу луѓе, често сум главна за забава.

Освен кога не сум. Вистината е дека го кријам ова многу добро. Вистината е дека има многу работи за мене кои не ги знаете.

Јас сум уморна. Секогаш сум уморна. Работата ме исцрпува. Кога ќе си дојдам дома, единствено што сакам е да легнам пред телевизорот или да се стуткам во некој агол со книга. Немам енергија за ништо друго.

Станот ми е хаос. Дали сте се запрашале зошто никогаш не ве викам кај мене дома и секогаш предлагам да одиме некаде надвор? Тоа е затоа што не сакам да го видите мојот хаос. За тоа го обвинувам уморот. Едноставни работи како миење садови делуваат како најтешката работа на светот. Работи кои обично траат 2 минути, во мојата глава делуваат како часови. И не секогаш можам да најдам мотивација и енергија за да го завршам тоа.

Мразам да бидам сама. Секогаш се обидувам да ги пополнам викендите колку што можам повеќе. Ќе направам се за да излезам од дома и од моите хаотични мисли. Затоа што најлошо е кога сум сама. Тогаш ми е најлошо и се чувствувам како да сум тотален неуспех и промашен случај.

Освен периодите кога не можам да се справам со луѓето. Има периоди кога морам да бидам сама. Тогаш не можам да бидам жената која сите ја знаете и сакате. Па затоа ме снемува во период од неколку недели за да наполнам батерии. Да се потрудам да го вратам својот живот на правата патека. Кога ќе ме прашате каде бев, ќе ви кажам: „Зафатена бев“. Но, не бев зафатена. Лежев во кревет обидувајќи се да добијам мотивација за да почнам повторно да си го живеам животот.

Но, секогаш се враќам назад. Знам дека мојата депресија не е толку лоша како што е тоа случај кај други луѓе. Јас функционирам. И личноста којашто вие ја знаете не е лажна. Јас навистина сум девојката која наоѓа среќа во едноставни работи. Јас навистина сум мајката која ќе ве гњави со бакнежи и сака прегратки. Јас навистина сум другарката која е тука за се што ви е потребно. Не глумам пред вас.

Но, никогаш ви ја немам покажано мојата друга страна. Се надевам дека можете да ја прифатите.

извор:скопјеинфо

Loading...