Што се случува? Промаршен уште еден автопат?

2771
1

Сугарески вчера имал средба со претстваници на шпанската компанија „Констракшн рубао“ која ги врши градежните работи.

„Се пожалија на проектот врз база на која се гради тој пат, исто во делот на трасата и исто така во делот на наплатата која го врши Јавното претпријатие за државни патишта“, вели Сугаревски.

Министерството за транспорт ќе бара одговорност од оние кои направија пропусти на проектите за автопатиштата. Од Комората на овластени архитекти и овластени инженери кои им издаваат лиценци за работа на архитектите и инжињерите, велат дека не знаат кој нивни колеги работеле на трасите. Засега не размислувале да ги казнат колегите кои направиле пропусти.

„Доколку од нас се побара за некои од нашите членови да побараме одговорност, тоа во наредниот период ќе го направиме. Сега знаеме дека нешто се згрешено. Тоа треба да се документира, аргументира, да се посочат луѓето, позициите“, изјави Миле Димитровски – претседател на Комора на овластени архитекти и овластени инженери.