ШВЕДСКА ВО ШОК! – Само 3% од мигрантите сакаат да учат, а немаат ни желба за работа

2092
1

Што ќе прават Швеѓаните сега? Немаат поим!

Шведската Влада малку се зафркна кога во последните години, широко ги отвори вратите на својата татковина за безброј имигранти, кои ја преплавија оваа земја. Освен криминалот и брановите на силувања од толку имигранти, немаат добиено ништо друго. А штотуку сфатија, како што пренесува „Sveriges Radio“, дека од нив нема да биде ништо, затоа што повеќето од новодојдените мигранти, ниту сакаат да учат, а ниту имаат желба да работат.

Имено, истражувањето кое го спроведе шведскиот Завод за вработување, покажа дека само три до четири проценти од имигрантите кои пристигнале во Шведска, во изминатите две години покажале интерес за школување или посетување на курсеви. Во превод, тоа значи дека нивните шанси за вработување драстично опаѓаат, коментира Ание Рубенсон за тоа што се се бара на шведскиот пазар на труд.

„Не сме сигурни дали се тие свесни за тоа, но во начело, потребно им е средношколско образование за да добијат постојана работа во Шведска.

Професорот Олоф Аслунд од Институтот за проценка на политиката на пазар (IFAU) како што вели сега, многу имигранти едноставно не разбираат дека школувањето е потребно за добивање на добра работа. На нив тоа воопшто не им е важно, со оглед на тоа дека имаат доволно па дури и премногу за живот и без работа.

Имено, во јуни минатата година, порталот „SVT“ објави дека од 163.000 новодојдени имигранти, само 494 пронашле работа, што покажува дека идејата за успешна интеграција и ефтина работа сила паднаа во вода. Но, затоа во донеодамна уредната западна земја, криминалот расте, и тоа ненормално.

40 години откако шведскиот парламент едногласно одлучи да ја промени некогаш хомогената Шведска, во мултикултурна земја, насилниот криминал се зголемил за 300%, а бројот на силувања пораснал за преку 1000 проценти.

Шведска сега се наоѓа на второто место во светот по бројот на силувања.

Во 1975 година, полицијата пријавила 421 слуачи на силувања; 2014 година 6620. Се работи за зголемување од неверојатни 1472%. А стапката на криминал и понатаму расте и расте до неиздржливост, со оглед на тоа дека бројот на мигранти кои не сакаат да се интегрираат, односно учат и работат очекувано, исто така расте!