Силен пожар се ближи кон првите куќи во Кондово (ФОТО+ВИДЕО)

1227

Силен пожар се ближи кон првите куќи во Кондово (ФОТО+ВИДЕО)
Пожарот се шири со голема брзина

Вечерва по 22 часот се разгоре пожар во близина на скопското село Кондово. На терен делуваат десеттина против пожарни возила како и возила на јавните претпријатија ,,Водовод” и ,,Комунална хигиена”.

Пожарот се шири кон првите куќи во селото, засилен од ветрот. Во гаснењето се вклучени и 50 – тина жители од селото. Според Центарот за управување со кризи, овој пожар бил гаснет уште од пладнево и бил ставен под контрола. Но, ветрот вечерва го разгорел и постои опасност да ги зафати и куќите.

Loading...