Скопјанец раскажува: Се заљубив, ми го сврти умот, добивме дете и ме избрка

4204

Преку мој пријател на „Фејсбук“ пред три години запознав девојка, Анџела, од Италија. Немав никакви намери со неа. Таа беше инструктор по нуркање, што беше моја пасија и хоби. Почнавме да контактираме, разговаравме за места на кои била да нурка, за опрема, за мориња, езера, вода…

Јас ѝ праќав фотографии од Охрид, од местата каде што нуркав. Таа, пак, почна да ми праќа нејзини фотографии од нуркање во Италија. Прво во очи ми падна нејзиното тело. Беше неверојатно згодна во сета таа нуркачка опрема и мокра коса.

На Елена не ѝ кажав дека постои Анџела. Не знам зошто, но скрив. Се исплашив дека ќе открие нешто што почнувам да го потиснувам во себе. Но, и на Анџела не ѝ кажав дека постои Елена. Триаголникот почна да се креира.

На работа почнав да заглавувам, но не зашто бев зафатен, туку останував на „Фејсбук“ да разговарам со Анџела. Толку почнавме да комуницираме што и не се изненадив кога ми напиша: – Зошто не дојдеш во Италија, ќе одиме на Сицилија, има преубаво место за нуркање.

Секако, прифатив. На Елена ѝ реков: Одам на нуркање со пријатели. Немаше зошто да не ми поверува.

Летав Скопје-Рим-Катанија. Анџела ме пречека лично.

– Bongiorno, benvenuti mio amore!

Не разбирав италијански, но зборовите ги препознав. Тоа „мио аморе“ добро ме размрда. Како да сме се знаеле цел живот.  Од тој миг, на Елена и на животот во Скопје, целосно заборавив.

Заминавме во куќа покрај морето во која таа планираше да го помине летото. Како да сме деца кои одвај чекале да ги пуштат надвор, ја грабнавме нуркачката опрема и заминавме кон брегот.Набргу бевме во вода.

Костимот за нуркање го оцртуваше нејзиното преубаво тело. Кога ја гледав како се смее посакував да ја ја грабнам и да почнам веднаш да водам љубов со неа.

Стана јасно, на повидок е мигот кога ќе го пробаме забранетото овошје. Бевме во вода, а телата од возбуда ни беа загреани до точка на вриење. Анџела се доближи до мене и ме погледна во очи. Тоа беше тоа. Инстинктивно ја бакнав. Таа го чекаше тоа.

Го прифати бакнежот. Веќе во следниот миг страста експлодира меѓу нас, како да сме го чекале тоа цел живот.

Донесов одлука, Елена е минато, ќе раскинеме штом се вратам во Скопје. Но, и на животот во Македонија гледав како на минато. Почнав сериозно да размислувам за заеднички живот со Анџела.

Поминаа десетте дена и дојде време да се вратам дома. Штом пристигнав во Скопје, ми следеше цел месец турбуленции со Елена и со сите пријатели. За неа беше шок што сакав да прекинеме.

Поголемиот шок за моите родители и пријатели допрва следеше. Им соопштив: Ќе го продадам станот, заминувам за Италија.

Не можеа да поверуваат. Но, бев толку во занес, што никого не слушав.

Ми се брзаше што поскоро да бидам со Анџела. По еден месец веќе бев со спакувани куфери. На аеродром ме испратија само Драги и мајка ми, кои секако ми посакаа среќа.

Анџела беше среќна кога дојдов или барем така ми се чинеше. Се сместив во нејзината куќа и го почнавме заедничкиот живот. Не знаев што ќе работам, па прво што ми падна на ум е да бидам инструктор по нуркање.

Пред мене беше живот каков што посакував. Брзо почнав да го учам јазикот, запознавав пријатели на Анџела, постојано бевме некаде во движење и го користевме секој миг да им дадеме можност на нашите страсти. Престанавме да користиме и заштита.

– Игор – ми рече Анџела едно утро – бремена сум.

Бев пресреќен. Животот ми тргна во насока каква што замислував. Им кажав на моите дома. Беа среќни за мене.

Си реков, штом е бремена, треба да се венчаме. Почнав да барам и документи. Но, Анџела не се брзаше многу.  Нејзините родители ги запознав дури по еден месец откако дознавме дека е бремена.

Не дадов големо значење на тоа. Битно ми беше да бидеме заедно. Но, како што се развиваше бременоста, таа стануваше сè постудена. Не покажа никаков интерес да се средат и моите документи. Се ближеше денот кога ми истекуваше туристичката виза.

Повеќепати повторив дека треба да се регулира мојот престој, но ништо не преземаше. Го смени целосно своето однесување, како да не беше истата личност од денот кога ја запознав.

Еден ден замина кај нејзините родители во Палермо. Рече дека оди на два дена, но не ѝ верував. Така и се случи. Ми се јави по три дена и рече: – Не те сакам, оди си! – и ми прекина. Како да ги слушнав истите зборови што пред само неколку месеци ѝ ги кажав на Елена.

Се обидов да ја побарам, но не ми одговори. Се јавив во куќата на нејзините родители, но никаква поддршка и од нив. „Тоа е нејзина одлука, ние не можеме ништо околу тоа“, ми одговори татко ѝ на лош англиски.

По два дена морав да ја напуштам Италија, визата истекуваше. Ги спакував истите куфери со кои дојдов и со последната заштеда што ми остана купив авионски билет и заминав дома.

Никого не сакав да гледам во следните денови. Буквално се скрив во малиот стан на моите родители и немав лице да се видам со пријателите. Ја барав Анџела, но никако не ми одговараше. Ми напиша само една порака: – Немам потреба од тебе, сакав само да имам дете. Не барај ме.

Марко се роди, но немав дозвола да го видам. Почнав макотрпни судски борби за да докажам дека е мој и дека имам родителско право. За среќа, по две години докажувања добив право да го гледам. Но, не смеам да го донесам во Македонија. Патувам на два месеца само за да поминам еден викенд со него.

Сè уште сум на релација Скопје-Палермо и чекам Марко да наполни 18 години. Се надевам тогаш самиот ќе сака да дојде во Скопје.

извор:скопјеинфо

 

Loading...