Скопје Инфо на терен: Полицијата ги ловеше возачите кои „лудуваат“ по скопските улици (ФОТО/ВИДЕО)

449
1

СВР Скопје започна со реализација на посебниот план за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на главниот град, преку засилени и интензивни сообраќајни контроли, со посебен фокус кон помладите категории возачи, како и возачите на моторцикли.

Како што нагласи Билјана Милевска, начaлник на Одделението за превенција при СВР Скопје, на вчерашната промоција на новите оперативни мерки во областа на сообраќајот, на подрачјето на СВР Скопје во последниот период стана се позабележителна  појавата на поголем број на возачи на моторцикли, кои се движат со голема брзина и при тоа создаваат голема бучава, со што го нарушуваат јавниот ред и мир и спокојството на граѓаните, но и прописите од областа на сообраќајот.

Оваа појава на брзо возење и несовесно однесување на возачи на моторцикли  особено е присутна во вечерните часови и во деновите од викендите, а таквото поведение директно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и  доведува до зголемување на бројот на прекршоци по разни основи.

СВР Скопје e решен да ја елиминира појавата на таканаречени “диви трки“ на моторни возила во кои несовесните возачи ја загрозуваат личната но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Активностите на СВР Скопје во рамки на подготвениот план во чија што реализација покрај сообраќајната полиција се вклучени и други организациони единици при овој сектор за внатрешни работи, практично траат два дена наназад при што заклучно со вчеравечер веќе се изречени мерки кон возачи на моторцикли и по основ на Законот за безбедност на патниот сообраќај и по основ на Законот за возила.

Така, заради немање заштитен шлем (кацига) изречени се десет мерки, за неносење  или за непоседување возачка дозвола пет мерки каки и две мерки за непоседување возачка потврда, потоа за возење моторцикл во алкохолизирана состојба една мерка, управување несоодветна категорија четири мерки, незастанување на даден знак една мерка, како и четири мерки за нерегистриран мотроцикл и истечена важност на регистрацијата. Исто така од страна на Одделението за Безбедност на патниот сообраќај изречени се осум мерки кон возачи на моторцикли, како и 14 мерки по основ на Законите за безбедност на патниот сообраќај и за возила, од кои шест мерки се однесуваат на пречекорување на брзината на движење.

“Решени сме да ставиме ред во сообраќајот и тука нема отстапување! Полицијата секојдневно ќе биде присутна на улиците на Скопје и ќе бидат санкционирани сите оние што ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот. За полицијата како сервис на граѓаните нивната безбедноста е на прво место“ нагласи Милевска.

извор:скопјеинфо

АКЦИЈА