Снежно невреме го парализира Нов Зеланд (видео)

218

Снежно невреме го погоди Нов Зеланд.

Снегот остави илјадници домаќинства без напојување со електрична енергија и предизвика застој во сообраќајот.

Сите регионални летови од главниот град Велингтон се откажани.

Силниот ветер достигнувал брзина и до 160 километри на час, рушел дрвја и предизвикал проблеми со напојувањето со електрична енергија.

Поради невремето затворени се неколку сообраќајници, а во прекин е железничкиот сообраќај.

Ветерот дувал со брзина од 130 километри на час кревајќи 11-метарски бранови.

Извор:канал5

Loading...