Со години се чекаше ова – нова опција на телефонот, од денес сегде ќе најдете wi-fi

4143

Ја знаете онаа ситуација кога треба да погледнете на мапа каде точно се наоѓа некоја адреса, а се наоѓате во непознат град и ви истекол последниот мегабајт од вашиот телефонски интернет?

Сега Фејсбук доаѓа со нова опција “Find Wi-Fi”, која овие денови е достапна во целиот свет.

Со помош на оваа Фејсбук апликација на својот паметен телефон може да најдете wi-fi хотспотови во ваша близина, без оглед дали патувате во странска држава или шетате по својот град.

Станува збор за тоа што Фејсбук ги прикажува само оние компании и оргнизации кои одлучиле информациите за својот хотспот да ги споделат на Фејсбук. Секако, некои компании тоа ќе го искористат за да ги промовираат своите услуги и производи, а за корисниците е тоа бесплатен интернет.

Loading...