Сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје – 14 лица повредени

786

Најмалку 14 лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на клучката на автопатот Куманово – Скопје.

Несреќата се случила вчера попладне пред 18 часот и во неа според првичните информации учествувале џип, автобус и уште едно возило.

– Од повредените 14 лица, десет се од автобусот, а четворица од џипот и се државјани на Албанија. Двајца од нив поради карактерот на повредите се испратени на скопските клиники, а двајца се задржани за понатамошно лекување на одделението за хирургија во Куманово и се надвор од животна опасност, изјави директорот на кумановската болница, Ариф Латифи.

Останатите десет повредени, патници од автобусот, по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на несреќата извршија обвинител и екипа на СВР Куманово, од каде најавија детални информации во текот на денешниот ден.

извор:сител

Loading...