Србија во црвена фаза, во Јагодина измерени 65 степени

1388

Температурата денеска во неколку делови од земјата достигнала 40 Целзиусови степени, а тоа, според Хидрометеоролошкиот завод, е повеќе од доволно за да се прогласи црвен метеоаларм, кој означува опасни временски услови.

„За да се прогласи црвен метеоаларм, температурата треба да биде над 38 степени. Тоа е многу опасна ситуација, особено ако такви високи температури, кои се многу опасни за хронично болните и за метеопатите, се задржат повеќе денови“, соопштиле од Заводот.

Лекарите од Србија им препорачуваат на граѓаните на секои 20 минути да испијат по една чаша вода иако не се жедни за полесно да ги издржат високите температури, а да избегнуваат алкохол, кофеин и шеќер.

Српските медиуми пренесуваат дека жител на Јагодина на балконот од својот стан измерил 65 Целзиусови степени.

„На балконот имам термометар кој мери до 50 степени и видов дека е исполнет до крај, па зедов поголем и се изненадив кога покажа 65 степени“, рекол тој.

извор:сител

Loading...