Србите нашле начин да ја „измамат“ ИКЕА за 50 денари

3533

Многу кратко време им требало на Србите да најдат начин како да земат нешто бесплатно од новоотворената ИКЕА продавница во Белград. Како што пишуваат медиумите од соседството, балканскиот менталитет брзо проработел, па во делот од големиот маркет за домаќинство каде посетителите можат да јадат и да се освежат, Србите нашле начин како да го „измамат“ шведскиот производител на мебел.

Таму за да се послужат со пијалок, посетителите треба да купат чаша од 99 динари, околу 50 македонски денари и во неа можат неограничено да се се напијат од понудените пијалоци. Оваа можност многумина побрзале да ја искористат, па и да ја злоупотребат, бидејќи се појавувале голем број на купувачи со спремни празни шишиња од дома кои ги полнеле со пијалоци. Како што пишуваат медиумите во северниот сосед, на вакво нешто не се сетиле од обезбедувањето, па голем број муштерии излегле со полни шишиња од ИКЕА.

Loading...