Средба Заев-Меркел: Германија ќе ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ

336

Премиерот Зоран Заев во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел.

Како што се вели во соопштението од Владата, германската канцеларка Меркел изрази голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

Премиерот Заев истакнал дека Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните.

Канцеларката Меркел најави поддршка од Република Германија во реформскиот и евро-атлантскиот интеграциски процес.

Изразена е заедничка определба да продолжи со уште поголем интензитет соработката помеѓу Република Македонија и Република Германија во области важни за граѓаните на двете земји, се вели во соопштението.

извор:фокус

Loading...