„Српски“ наместо „Јужен тек“ – Македонија не е во игра

„Српски поток“ би требало да го замени  проектот  за достава на ефтин руски гас наречен „Јужен тек“ спречен од ЕУ поради наводно уривање на монополските правила во унијата.

Ова го најави премиерката на Србија Ана Брнабиќ, цитирана од локалната агенција Танјуг која најави дека наскоро ќе започне изградбата на наводниот „Српски поток“, кој минувајќи преку Бугарија треба да го замени напуштениот „Јужен тек“.

Брнабиќ додаде дека компанијата „Јужен тек“, создадена за проектот за изградба на гасовод со исто име, би требало соодветно да се преименува.

Во декември 2014 година Русија објави прекин на операцијата Јужен тек, кој беше замислен да минува низ Бугарија, Србија и Унгарија, а Москва ја оспори одлуката поради неконструктивната позиција на ЕС.

 

Loading...