Српски тупаници против албански пушки

Упадот на косовската полиција во Салата ”Митровачки двор” го забележале камерите, а граѓаните со голи раце се обидувале да ги спречат. Момче во сина јакна дури и нападнало полицаец и брутално со тупаница го удрило во глава. Момчето имало кратка размена на удари со полицаецот. Полицаецот не очекувал некој да му се спротивстави.

Полицајците фрлиле солзавец за да ги растераат насобраните пред ”Митровачки двор”, па дошло до туркање и тензии.

Откако влегле во просториите на “Митровачки двор”, полицајците продолжиле со бруталноста. Некои ги дочекале со кренати раце, како показател дека немаат оружје. Им приоѓале на луѓето и ги терале да клекнат на подот.

Оваа акција била забележана од камерите на РТС, а примената на жестоката сила веднаш го обиколила светот.

Марко Џуриќ, директор на Канцеларијата за КиМ бил приведен во бруталната акција на специјалните единици на Косовската полиција, во Косовска Митровица, каде требало да се одржи внатрешен дијалог за јужната српска покраина.

Во Белград се состанал Советот за национална безбедност. Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одвоено разговарал по телефон со претседателот на Русија, Владимир Путин и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Вучиќ се обратил на нацијата: Двајца Срби им помагале на полицајците и за тоа ќе одговараат

Седницата на Советот за национална безбедност била одржана вчера по бруталното апсење на директорот на Канцеларијата за КиМ, Марко Џуриќ во Косовска Митровица од страна на косовската полиција и неговото протерување од таму.

По седницата одржана по повод хаосот на северот на Косово и Метохија, на граѓаните им се обратил претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

“Разговарав со Марко Џуриќ, на пат е за Белград и ќе биде примен во некоја од здравствените установи, ми кажа дека има одредени проблеми. Интересно е дека сите медиуми сакаа да не запознаат со фактот да на Џуриќ не му бил дозволен влез бидејќи не ги почитувал процедурите кои се договорени со договорот од 2016. година и најавил доаѓање 72 часа порано”, вели Вучиќ.

По тој повод Вучиќ истакнува дека во 9:44 часот наутро, 75 часа пред да се случи настанот на КиМ, Канцеларијата за КиМ ги известила надлежните органи на Косово дека со документи, во возач со автомобил, ќе пристигнат на територија на Косово.

“Да го поднесев барањето јас, ќе мораше да биде 72 часа порано, за Џуриќ важи само 24 часа. Во секој случај, ние не бараме никакви дозволи од нив, ние само ги известуваме”, вели Вучиќ.

Претседателот истакнува дека тоа значи дека Џуриќ три пати пред време ги известил надлежните за посетата.

Во 15 часот на 24. март на списокот се додава името Никла Селаковиќ, и уште еднаш се повторува најавата. Потоа, на 25. март пред полноќ доаѓа одговор од Приштина во кој велат дека бидејќи не е поднесено барањето на време, не се во состојба да одговорат позитивно на барањето. Е, сега – тоа не е барање, туку известување, па нема на што да одговараат, вели Вучиќ.

Тој истакнува дека е интересно дека Пацоли рекол дека на Џуриќ не му е дозволен влез на Косово, бидејќи поттикнува омраза.

“Дали оваа измислена држава мисли како кривично дело да воведе вербален деликт. Тоа би било чудо. Значи, Србија ги почитуваше сите билатерални договори и меѓународни правни акти. Дојдоа на состанок за внатрешен дијалог каде се собрале 70-тина луѓе кои мирно слушале што имаат да кажат. Пред тоа добивме информација дека терористи облечени во униформи покажале дека се во состојба да го заземат северот на Косово. И сето тоа под директна поддршка на Еулекс, бидејќи возилата на специјалните сили биле заедно со возила на Еулекс. Истиот оној Еулекс на кој не му паѓа на памет да истражи како е убиен Оливер Ивановиќ или зошто е уапсен Милорад Зајиќ”, вели претседателот.

Тоа, како што вели, ги прашал и луѓето од ЕУ, но не добил одговор, бидејќи на нив им било поважно “да им помогнат на Албанците ги исплашат Србите на Северот дека ќе им го заземат северот на српската покраина”.

Претседателот вели дека додека западните претставници на Србите им велат да бидат мирни и да не праќаат војска на административната линија, терористите на Косово преземале акција од широки размери при што фрлале шок бомби и тепале кого ќе стигнат.

“Го уапсиле Марко Џуриќ. А зошто? Затоа што три пати, во склад со прописите, им прати писмо? Тогаш почнаа да го тепаат пред сите. Тогаш бандата терористи се фотографирала, за да има трофеј, а потоа 50 од нив го извеле Џуриќ на улиците во Приштина. Сите кои учествувале во киднапирањето на Џуриќ ќе одговараат за тоа, а меѓу нив и двајца граѓани од српска националност”, вели претседателот Вучиќ.

Вучиќ истакнал дека српските службеници во обидот да го посетат Косово се однесувале апсолутно во склад со потпишаните договори, а дека некој друг “сакал да покаже дека е многу јак”.

“Ќе им дозволиме да се силат, да мислат дека се многу јаки и да покажат дека успале да претепаат еден невооружен човек, физички слаб и незаинтересиран за нешто такво. Ви честитаме, големи херои, многу сте силни. Полека, тивка вода брег рони, вие знаете дека јас го сакам тоа што го пишува на семафорот на крајот, а не дали ќе добиеш црвен картон или ќе бидеш многу јак во 29 минута”, порачал Вучиќ.

Вучиќ истакнал дека оној кој мисли дека со оружје може да оди на северот на Косово без согласност на тамошните Срби, го крши Бриселскиот договор и ја загрозува безбедноста на граѓаните.

извор:точка.ком.мк

Loading...