Старец се удави во Дебарското Езеро

138
1

Седумдесет и осумгодишен старец се удави во Дебарското Езеро.

Според информациите на МВР, вчера, околу 14 часот, кај Дебарското Езеро, во близина на брегот на место викано „Мочово Поле“ пронајден бил починат Ј.Ј. (78) од село Голем Папрадник, Дебарско.

На неговото тело немало траги на насилство, а смртта настапила како последица од давење во вода.