Стотина измамени студенти за работа во Германија си ги бараат парите назад

4199
1

Група студенти од утрово се собираат пред канцеларијата на агенција за посредување при работа во Скопје и бараат да им бидат вратени парите што ги дале за да заминат на студентска работа во Германија.

Стотина од нив, велат, агенцијата „Венера Кемаловски“ треба да им врати околу 250 евра, кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во бутиците „Зара“, но покрај нив парите назад (како што велат, околу 150 евра) ги бараат и други студенти кои требало ова лето да работат во рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и др.

Револтираните студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите, но сè уште нема ништо од ветувањето, па денеска самоиницијативно се договориле преку социјалните мрежи да се соберат пред просториите на агенцијата во Скопје.

– Се договоривме денеска околу 12.30 часот да се собереме. Веќе се собравме неколку студенти. Од утрово само јас му вртев точно 27 пати на газдата но не се јавува – вели еден од студентите.

На вратата на агенцијата, пак, пишува дека вработените се на годишен одмор иако вчера ги контактирале телефонски студентите кои требало да работат во „Зара“, за да дојдат да си ги побараат парите назад.

Утрово до медиумите пристигна и писмо од револтиран студент во кое тој ја опишува неговата и приказната на неговите другари за нивната наводна работа во Германија. Во продолжение писмото ви го пренесуваме во целост:

„Јас сум студент кој аплицираше за работа во Германија (Burger King) преку агенцијата за посредување при вработување Венера Кемаловски (агенцијата е со седиште во Битола, а има свои канцеларии и во Скопје, Струмица и Штип). Аплициравме заедно група од 7 студенти, при крајот на јануари годинава, во канцеларијата во Штип. Не викнаа на интервју на 8 февруари во Штип, во просториите на агенцијата. По интервујто, ни кажаа дека сите 7 од нас го имаме поминато интервјуто и потпишавме договор со агенцијата, неколку минути по завршувањето на интервјуто. Притоа, ни кажаа дека за апликативни трошоци, треба да платиме по 1.500 денари. Парите ги плативме НА РАКА и за истите не ни беше издадена фискална сметка. Ни рекоа дека бидејќи интервјуто ни е успешно поминато, само треба да ги однесеме потребните документи и нашето заминување на работа во Германија е веќе сигурно и обезбедено. Датумот на кој ни рекоа дека најверојатно ќе започнеме со работа во Германија беше 15 јуни.

Откако ги однесовме потребните документи, за кратко време не известија дека ќе треба да одиме на уште едно интервју во агенцијата во Штип. Иако првично не беше предвидено, отидовме и на тоа дополнително интервју, после кое ни беше кажано дека ниеден од нас нема доволно познавања од германски јазик, па сите ќе мораме да уплатиме по 3.900 денари на сметка на агенцијата Венера Кемаловски, а тие преку онлајн-курс ќе не научат германски јазик. Направивме како што ни кажаа, уплативме по 3.900 денари, а за доказ ни побараа да им пратиме слика од уплатницата на мејл или на некој од фб-профилите на агенцијата ( ги имаат неколку).

Како што одминуваше времето, од агенцијата ни бараа и дополнителни документи, кои претходно не беа предвидени. Покрај тоа што бараа студентски легитимации преведени на германски и заверени на нотар, ни бараа и некои помалку чудни работи, како на пример Уверение за неосудуваност?! Колку и да беа чудни некои од барањата, не се противевме и сите ние седуммина редовно и уредно ги извадивме сите документи кои ни ги бараа од агенцијата ( а кои на нив им ги бараат од Германија, заради одредени причини). Вадевме документи, преведувавме, заверувавме на нотар, се разбира се тоа на наш трошок ( иако првично непредвидено).

Од агенцијата ни кажаа и дека од причини што сме голема група, нема да работиме во ист ресторан, туку ќе не поделат во две групи, четворица од нас ќе бидат во едната, а другите тројца во другата група. Едната група би работела во еден ресторан во еден град, а другата во друг град. Без никакво негодување се согласивме и со ова. За кратко време, на четворицата кои беа во едната група им се јавија од агенцијата и им кажаа дека одредени документи им се згрешени и дека треба повторно да ги извадат и повторно да ги однесат. Ова беше доста сомнително и дискутабилно, затоа што сите документи ги вадевме заедно, како група и се беше исто за сите седуммина. Но и покрај тоа, без противење, се што требаше беше повторно извадено и секако на наш трошок беше повторно однесено во агенцијата.

Кога веќе наближуваше 15 јуни, датумот кој од агенцијата беше посочен како датум на кој ќе почнеме со работа во Германија, од агенцијата почнаа да не се јавуваат на нашите повици. Неколку дена пред 15, бевме известени дека работните дозволи доцнат и најверојатно нема да стигнат до 15, а без нив не можеме да почнеме со работа. На нашите прашања зошто е тоа така, тие одговараа дека има промени во законите во СР Германија, за кои тие биле известени со задоцнување. Иако прашувавме, не добивме одговор кој е законот кој е изменет.

Од агенцијата продолжија да одбегнуваат да одговараат на телефонските повици, како и на пораките на фејсбук. Оттогаш вработените се помалку не известуваа за новостите, а палката ја презеде сопственикот на агенцијата, Емран Кемаловски. Лично тој не уверуваше дека вината е во Германија, а не во неговата агенција и лично тој не уверуваше дека работните дозволи ќе ни стигнат најдоцна до 30 јуни, така што ќе можеме да започнеме со работа од почетокот на јули.

Кога видовме дека од агенцијата повеќе не одговараат на повиците, започнавме што почесто да одиме лично во канцелариите и да бараме одговори на прашањата кои некој мораше да ни ги одговори: зошто сеуште немаме добиено работни дозволи, каде е проблемот и ќе добиеме ли воопшто работни дозволи?

Така, еден ден (8ми јуни) во фејсбук-групата во која членувавме сите студенти, како и сопственикот и вработените во агенцијата, и која служеше како место на кое ги добивавме сите новости и информации, сопственикот на агенцијата, Емран Кемаловски постираше објава која само по неколку секунди ја избриша. Најверојатно затоа што местото не и беше за групата во која членуваме и студентите, туку пораката беше наменета само за вработените. Имено, во таа порака тој им дава насоки на вработените, како да постапуваат и како да не лажат, затоа што „сезоната била започната и дневно ќе се соочувале со многу револтирани странки”.

Понатаму, тој им вели на вработените: на оние странки кои им се сомнителни, да им наплаќаат со фискален апарат, а сите други да плаќаат на рака.

Сторијата во целост прочитајте ја тука

АКЦИЈА