Страшна сообраќајка на автопатот Белград-Ниш: Едно лице загина во судар на автобус и пет возила, повеќе повредени (ФОТО)

788
1

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 5:15 часот на автопатот Белград-Ниш, кон Белград, изјавиле од српското Министерство за внатрешни работи за Танјуг.

До несреќата дошло кај местото Мал Пожаревац, општина Сопот, а се судриле четири патнички возила, комбе и автобус, наведуваат од српското МВР.

Едно лице загинало на лице место, а пет повредени се префрлени во Ургентниот центар.

-Сударот се случил после исклучувањето за Младеновац во близина на бензинската пумпа Газпром. Јас поминував таму затоа одев за Младеновац на работа, беше страшно, автомобилите беа превртени, а повредените крвави. Баш морничава глетка, вели еден очевидец.

Сообраќајот бил во прекин на овој дел од автопатот, па се направиле километарски колони во кои имало и странски автомобили, бидејќи во ек е туристичката сезона.

После сообраќајната несреќа во прекин бил сообраќајот и се формирале километарски колони. Во сообраќај прво била пуштена левата лента, а како што јавува РТС, сега е пуштена и десната.

Механизацијата од патот ги тргнала возилата кои учествувале во сообраќајката.

извор:пресс24