Судијка осудена на затворска казна за примање мито

1429

Судијката Азра Милетиќ од судот на Босна и Херцеговина е осудена на затворска казна од две и пол години .

Таа на двајца осудени им ветила поблаги затворски казни. Судот , во кој работела судијката Милетиќ и ја изрече пресудата за примање мито од над 3 илјади евра.

Милетиќ им ветила поблаги казни или дури и ослободителни пресуди на два лица , едниот поранешен полициски началник осуден на 11 години за примање мито и вмешаност во трговија со дрога и другиот осуден на 10 години за давање мито и продавање дрога.

Тие преку посредници контактирале со судијката и според заштитениот сведок и исплатиле најмалку 3 000 евра.

Како докази во постапката биле користени тонски записи од телефонските разговори на судијката .

Двајцата мажи воопшто не биле затворени , зашто уште пред правосилноста на пресудата избегале во странство и по нив се распишани меѓународни потерници .

Ова е прв ваков случај во историјата на судот на Босна и Херцеговина .

извор:канал5

Loading...