Судијката Моника Бахчовановска барала изземање од „Труст“ и „Тотал“

345

Судијката Моника Бахчованска денеска побарала изземање од два од предметите на СЈО „Труст“ и „Тотал“, за кои треба да даде оценка за обвинителен акт, објави порталот „Судство.мк“.

В.д. Претседателот на Кривичниот суд Стојанче Рибарев го прифатил нејзиното барање и предметите се веќе прераспределени на други судии.

По изземањето на Бахчовановска, предметот „Труст“ му бил даден на судијата  Марјан Грубиша, а „Тотал“  на судијата Драган Николовски.

Ова е второ изземање за последниве десетина дена, откако претходно се иззема судијката Софија Лаличиќ која ја има на една од „бомбите“ како разговара со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

Бахчованска е сопруга на висок функционер од партијата ВМРО-ДПМНЕ

Loading...