Судот донесе одлука за притвор на Мијалков

22660
1

-Предлогот за определување мерка притвор против обвинетите С.М., Г.Г., Н.Н., Т.Ј. и Н.Б., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа на С.М., Г.Г. и Н.Н.,  – Обврска обвинетите еднаш неделно да се јавуаат на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа; на обвинетиот Н.Б., – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и службена патна исправа и забрана за издавање на нови; на обвинетиот Т.Ј. – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот. Предлогот за определување мерки за претпазливост на Е.Џ. и тоа – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, се уважува, се вели во соопштението на Судот.