Супер куп кулминација: Македонските фанови дознаваат дали добиле билет од УЕФА (ФОТО)

956
1

УЕФА однапред најави дека влезните билети за европскиот Супер куп, кој ќе се одигра во Скопје ќе можат да се добијат само преку аплицирање во лотаријата која на дел од нив ќе им го обезбеди толку вредното парче хартија за пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Денеска, според реакциите на фановите кои аплицирале, УЕФА почнала да испраќа информација на македонски јазик по електронска пошта, за дел од нив тоа е потврда дека ќе можат да ги купат бараните билети (најмногу четири) или пак разочарување дека апликацијата не е успешна.

До 14 јули, УЕФА ќе ги информира сите фанови кои добиле право на билет како истите ќе ги подигнат. Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 8 август во Скопје.

Извор: Derbi.mk