Таа има 98, а тој 94 – Се запознале во теретана, и од тогаш животот им е како бајка

365

Веднаш откако се запознале, се заљубиле еден во друг, и заедно почнале да излегуваат за викендите, до Њујорк, и да се гледаат по театрите претстави, држејќи се за ракце и разменувајќи бакнежи.

Гертруда Мокотоф и Алвин Ман се запознале пред осум години во теретаната во Мидлетаун, во американската држава Њујорк, а и денеска тамо тренираат два пати неделно. Но, ништо од оваа љубовна приказна не би било чудно доколку таа нема 98, а тој 94 години.

Штом се запознале, веднаш се вљубиле еден во друг и многу брзо заедно одлучиле да го минат остатокот од своите животи заедно.

Алвин Ман живеел во својата планинска куќа во блискиот град, каде го пронашл својот мир, кога како момче се вратил од морето, каде работел во американската трговска морнарица. Во текот на Втората светска војна, се пријавил во морнарица како 19 годишник, а во 1947 година почнал свој бизнис во Менхетен. Своето „мало парче рај“, го купил во 1960 година и вели дека никогаш не би можел да издржи да живее во град.

Првиот брак му траел 20 години, се до разводот, а од тој брак го добил и своето единствено дете, синот Марк Мана кој сега како 71 годишен бил венчан кум на својот татко. Другиот брак, со уметничката и историчарката по уметност Мајбел Карт која имала две ќерки, траел 45 години се до нејзината смрт во 2007 година.

Минатата година Алвин стана најстарата личност која добила диплома од факултетот „Mount St. Mary“, а во мај оваа година му го доделиле и почесниот докторат. На дипломата почнал да работи уште на 70 години, додека бил на Флорида, но на 93 години одлучил, да своето студирање го приведе при крај, па 2,5 години возел 150 километри два пати неделно, за да собере уште 30 бодови, колку што му недостасувале.

„Учевме многу за историските настани како што е Втората светска војна, Виетнамската војна и Корејанската војна, но тоа беа работи кои јас навистина ги проживеав. Не е чудо што одлично ги решив повеќето испити“, раскажа тој за „New York Times“.

Гертруда Мокотоф и Алвин Ман се венчале на 5 август во локалната градска општина. Таму ги разменија заветите пред градоначалникот и 50 членови на семејството и блиските пријатели.

Today for recordonline.com I got to photograph the most precious newlyweds I've ever seen. With hundreds of weddings…

Posted by Allyse Pulliam Photography on Tuesday, August 8, 2017

Неговиот комшија и понатаму не може да се изначуди, како со своите 94 години, руши стебла, ги извлекува од шумата со својот стар трактор и редовно ја коси тревата. А потоа, вели комшијата, трча за Герта како средношколец.

Просидбата се случила по една посета на Метрополитан Операта.

„Јас него го прашав да ме ожени. Уморна бев од трчањето по него“, изјави Гертруда Мокотоф со насмевка.

Таа е родена во Бруклин во 1918 година, и магистрирала на биологија на Колумбија. На 23 години се омажила за кардиолог од Менхетен и таму живееле до 1952 година, а тогаш таа го наговорила да се преселат во Мидлетаун, каде станала омилена личност.

Работела како професорка по биологија на локалниот факултет, а наместо одењето во пензија, се пробала во политиката и двапати била избрана за пратеничка, потоа претседателка во градското собрание, и на крајот градоначалник на 71 годишна возраст.

Како прва женска личност на таа функција ги одработила тие два мандати, изградила модерна библиотека, и ја обновила старата зграда „Paramount“ театарот, изграден во 1930 година. Иако во градот повеќето симпатизери се Републиканци, не им сметало што градоначалникот е од редовите на Демократската партија, што доволно говори за нејзината популарност.

Бракот и траел 61 година, се до смртта на сопружникот во 2002 година. „Мојата мајка секогаш беше храбра жена“, ја опиша ќерката Сузан (71), која и самата е во пензија по 34 години работа на женските студии.

Помеѓи двајца „младенци“, разликата е во годините. „Постојано ме зезаа дека излегувам со постара“, се насмеа Ман. „Но, разликата во годините никогаш не ми сметала, затоа што на нас едноставно ни тргна, и немав намера да ја пуштам“, вели тој за „New York Times“.

По венчавањето Ман скришум дојде до задната врата и се појави пред главниот влез во Градското собрание зад воланот на својата „тојота корола“, за која со коноп заврзал лименки и поставил натпис „Штотуку венчани“. Така пред сите гости повозе круг околу зградата пред да се врати да ја собере својата нова сопруга.

извор:репортер

Loading...