Талат Џафери признат од Илија Димовски за претседател на собранието

1571

Иако денеска требаше, сепак нова седница на собранието нема да се оддржи со оглед на фактот дека вчерашната седница помина во невидена тензична атмосфера по одлуката ВМРО – ДПМНЕ да формира 10 пратенички групи и со тоа да има 10 координатори, со што ќе има можност да ја блокира работата на собранието.

Токму заради тензиите спикерот Талат Џафери за денеска и не закажа седница а најавено е дека ќе има координација помеѓу координаторите на пратеничките групи со цел да се договорат што понатаму. Ова за Мета го изјавил Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.

Еве што кажал Димовски за Мета:

– Во моментот сме на координација заедно со пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ затоа што вчерашната седница заврши многу тензично. Добро е што претседателот Џафери не ја закажа новата седница и даде можност да се смират тензиите и дополнително да се договориме – изјави Димовски.

Иако парламентот почна да работи уште пред неколку месеци се досега ВМРО – ДПМНЕ не го признаваше легитимитетот на Џафери и од говорницата сите нивни пратеници му се обраќаа со пратеникот Џафери, а најгласен од нив беше токму Илија Димовски. По се игледа Димовски се заборавил и во изјавата за Мета се обрати со претседателот, или пак полека почнаа да се навикнуваат на него.

Loading...