Таравари: Директорот на Фондот за здравство не оди на работа и не ми крева телефон, ќе го разрешам деновиве

555

До крајот на неделата ќе биде разрешен директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски, оти не оди на работа и го игнорира Министерството за здравство, изјави министерот за здравство Арбен Таравари за САКАМДАКАЖАМ.

Тој вели дека се уште не одлучиле кој ќе го замени Стефановски, но додава дека се во потрага по компетентен, професионален и совесен кадар.

Тој ги потврди неофицијалните информации дека размислуваат во Фондот за здравствено осигурување место двајца директори, како што е сега, да има само еден директор, како и тоа дека се размислува ФЗОМ да се спои со Министерството за здравство, а не да биде издвоена институција.

Повеќе на САКАМДАКАЖАМ

извор:бриф

Loading...