Таравари разреши десетина директори на здравствени установи, ја разреши и Софијанова, на нејзино место е назначена Катерина Ставриќ

1306
1

Катерина Ставриќ е новата директорка на Клиниката за детски болести. Таа доаѓа на место на досегашната директорка Аспазија Софијанова, потврди министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој денес потпишал десетина решенија за разрешување на досегашните директори на здравствените установи. Сепак имињата на новите директори министерот Таравари официјално ќе ги соопшти утре.