Текст што вреди да се прочита: Момчето кое било заљубено во ќерката на богаташ

17

Едно момче било заљубено во ќерка на богаташ.

Целосно маѓепсан и со искрено срце, одлучил да ја запроси, но девојката го одбила. „Па твојата месечна плата… толку трошам јас во еден ден! И ти очекуваш да се омажам за некој како тебе? Никогаш не би можела да те сакам, заборави, најди си некоја од твоја лига.“

Иако бил ужасно повреден, од некоја причина не можел да ја исфрли од глава. Поминале десет години и повторно се сретнале, во некој шопинг центар. Не ја заборавил.

Веднаш го препознала и го поздравила, не се сменил многу.

„Еј, па тоа си ти! Како си? Јас се омажив, паметен е и заработува многу, вистински маж. А што е со тебе?“

Ги задржал солзите бидејќи му се вратиле спомените на нејзините зборови… се сетил дека некогаш навистина ја сакал.

После неколку моменти се појавил нејзиниот маж, малку изненаден од тоа со кого разговара жена му. „Господине? Добар ден! Гледам дека сте ја запознале жена ми?“

„Добар ден, господине…?“, му одговорил.

„Картер, шефе, се викам Картер. Драга, ова е мојот шеф, тој е сопственик на оној проект од 100 милиони за кој ти зборував!“

Жената само стоела зачудена. Откако се поздравиле, парот си заминал.

Откако поминал првичниот шок, го прашала сопругот: „Чекај, тој навистина ти е шеф?“

„Па да драга. Тој е многу скромен човек, но животната приказна му е тажна. Велат дека еднаш многу сакал една девојка, но го одбила бидејќи бил сиромашен. Затоа напорно работел и, бидејќи е навистина паметен, успеал и станал мултимилионер. За жал, никогаш не ја заборавил неа и никогаш не се оженил. Замисли како би реагирала таа ако сега го види!“

Loading...