Тензиите Растат : Србите ќе формираат свој ентитет, Косово предупредува!

По одлуката на членовите на Српска листа да ја напуштат косовската влада и сами да формираат Заедница на српски општини, на северот на Косово би можело да дојде до поголеми тензии. Имено, од Приштина дошло предупредување дека ќе бидат приведени сите кои ќе работат против законите и Уставот на Косово.

Политичките претставници на косовските Срби одлучиле да ја ускратат поддршката за владата на премиерот Рамуш Харадинај и да излезат од косовската влада, и на почетокот на април да формираат заедница на српски општини. Косовскиот министер за инфраструктура, Пал Лекај, предупредил дека членовите на Српска листа би можеле да бидат уапсени ако формираат Заедница на српски општини.

“Може да бидат приведени во моментот кога ќе работат против законите и Уставот на Косово”, рекол Лекај за KTV.

Претставници од 10 општини со мнозинско српско население на Косово денес во северниот дел на Косово ќе одржат заедничка седница на која ќе се разгледува политичко-безбедносната ситуација.

Косовскиот премиер оценил, по состанокот со Советот за безбедност во вторникот, дека безбедносната ситуација во земјата е стабилна.

До ескалација на тензиите меѓу Косово и Србија дошло откако во понеделникот косовските полициски сили го уапсиле шефот на уредот за Косово во владата на Србија, Марко Џуриќ, и главниот секретар на Вучиќ, Никола Селаковиќ. Тие, имено, допатувале на Косово иако косовските власти не им дозволиле влез. По бруталното апсење, Марко Џуриќ бил ослободен, односно протеран од земјата.

Александар Вучиќ поради сето тоа се состанал со Федерика Могерини, која изразила жалење поради инцидентот и порачала дека такви работи повеќе не смее да се случуваат.

Loading...