Тешка сообраќајка на патот Струмица-Радовиш

1236
1

На 05.08.2017 година во 19,45 часот на магистралниот пат А-4 Струмица-Радовиш, поточно на делницата од с.Радичево до с.Владевци, се случила сообраќајна незгода во која Б.Е.(42) од с.Раклиш-Радовиш, управувајќи патничко моторно возило „Волксфаген Поло“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот К.К.(29) од с.Раклиш, кој по укажаната лекарска помош во Медицински Центар-Струмица е префрлен во Ургентен Центар-Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица.

Loading...