Тешка сообраќајка во Македонија – жена почина на лице место

На 03.08.2017 година во 10 часот и 30 минути на магистралниот пат А-2 во Крива Паланка, во близина на „Осички мост“, се случила сообраќајна незгода во која 53-годишниот Б.В. од Крива Паланка, управувајќи патничко возило „Сеат Кордоба“ со кривопаланечки регистарски ознаки, удрил во 87-годишната С.В. од Крива Паланка, која починала на самото место на настанот.

Лекар од Јавната здравствена установа Крива Паланка констатирал смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициката станица во Крива Паланка.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција.

извор:сителтв

Loading...