Тетовка претепана и силувана

766

Тетовка била физички нападната и силувана од жител на Мала Речица.

Според МВР, 32-годишна жителка на Тетово, пријавила дека на 09.07.2017 година, околу 22 часот и 30 минути на ул. „Илинденска” во Тетово, пред продаваница за овошје, побарала запалка од вработениот Б.Ф. (31) од село Мала Речица за да запали цигара.

Тој ја викнал внатре и откако оштетената влегла, Б.Ф. ја заклучил влезната врата и со закана со скалпер и нож се упатил кон неа, ја удрил во пределот на главата, таа паднала на подот и почнала да вика за помош. Потоа сторителот ја фатил за коса и почнал да ја влече по подот, нанесувајќи ѝ повреди со ножот и скалперот по телото, а потоа ја силувал.

На оштетената ѝ е укажана лекарска помош во Клиничка болница -Тетово, каде се констатирани телесни повреди по телото.

Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Loading...