Тимови на ВМРО-ДПМНЕ на терен помеѓу граѓаните

347

Тимови на ВМРО-ДПМНЕ веќе две недели се интензивно на терен помеѓу граѓаните. И покрај летните горештини од партијата не мируваат и во текот на месец јули ќе посетат скоро 1000 населени места.

Тим предводен од Зоран Ставрески вчера оствари посети во скопската општина Ѓорче Петров, каде беа посетени неколку населени места, Кисела Јабука, Волково, Ново Село и Стопански Двор.

 

На средбите присуствуваа голем број на граѓани кои кажуваа свои предлози и идеи, кои од страна на партијата ќе бидат преточени во законска иницијатива во Собранието и Општините и ќе бидат реализирани.

Во Василево тим предводен од Владо Мисајловски ги посети населените места, Пиперево и село Нова Маала. Каде Мисајловски заедно со градоначалникот на општината изврши увид на градежни активности на улици во повеќе населени места во Василево.

– Ние сега овој период ќе го искористиме да бидеме постојано помеѓу граѓаните, постојано ќе се движиме на терен, зошто заедно ќе бидеме единствени и ќе имаме многу проекти, изјави Мисајловски од Василево.

Во делчевските села Звегор, Габрово и Разловци тим на партијата предводен од Христијан Мицковски оствари средба со граѓаните.

извор:курир

Loading...