Тој е херојот од Будва: Се фрлил под комбе за да го спаси животот на тригодишно девојче

1193
1

Драган Божовиќ во желба уште еднаш да му се заблагодари на Бранислав Бабовиќ им раскажа на црногорските медиуми како овој Будваенц го спасил неговото тригодишно девојче од сигурна смрт.

-Сопругата застанала пред една трафика да уплати дополна за телефон, а ќеркичката стоела покрај неа. Во дел од секундата, додека сопругата ја плаќала сметка, ќерката стапла на улица, а бело товарно комбе и се доближувало. Недалеку од трафиката стоел Бабовиќ. Кога здогледал дека комбето одело кон девојчето, ја фатил мојата ќерка и ја отфрлил на тротарот и така и го спасил животот, вели таткото Драган.

При спасувањето Бабовиќ си ја повредил левата нога, зошто комбето му поминало преку стапалото и му скинало дел од тетивата.

-Кога му притрчале да му помогнат, тој веќе станал. Не им го кажал ни името, прашал само дали малечката е добро, вели Божовиќ.

Тој од други го дознал името на момчето што му го спасило животот на детето.

-Тој навистинае будвански херој зошто го жртвуваше својот живот за да го спаси на детето, вели таткото.

Скромното момче за весниците кои го прогласија за будвански херој изјави дека во тој момент мислел само на детето:
-Знаев дека го ризикувам својот живот, ама не жалам за тоа, вели Бабовиќ.

извор:сител