ТОДОРОВСКИ ВЛЕЗЕ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА НА ШКЕНДИЈА СО ПЕСНА ОД „РОКИ БАЛБОА“ И НАСТАНА СПЕКТАКУЛАРНО СЛАВЈЕ! (ВИДЕО)

3525
1

Шкендија по втор пат во низа успеа да се пласира во плејофот од Лига Европа, тоа беше доволна причина за големо славје во редовите на тетовските „црвено-црни“, во кои се чини дека „диригент во славјето“ е како и по обичај, Благоја Тодоровски.

Претходно го предводеше славјето во соблекувалната качен на маса, овој пат неговите соиграчи го сочекаа да се појави во соблекувалната, за славјето да започне на вистински начин.

А како за увертира на славјето, неговите соиграчи му подготвија песна од мега популарниот филм „Роки Балбоа“, Тодоровски влезе во соблекувалната со пешкир на себе во стил на боксер, за на крајот да го подигне како пехар, по што почна славјето…

We qualified UEFA Europa League play offs🔴⚫

Posted by KF Shkëndija on Thursday, August 3, 2017