Трагедија : Шестмина загинати , од кои четири момчиња во страшни сообраќајки

9564

Момчиња на возраст од 23 до 28 години загинаа во судир со автобус, едно 20 годишно момче слета во Брегалница , а повозрасни маж и жена загинаа во карамбол кај Делчево

Расфрланите делови од автомобил на асфалтот се нем сведок за трагедијата што го снајде македонскиот Исток. Синоќа животот го загубија шестмина граѓани во три сообраќајки на исто толку различни локации на магистралата Штип – Кочани – Делчево. Најмногу загинати, тројца се на потегот Штип – Кочани, кај местото викано Чифлички бунар. Рано утрово нешто пред два часот, во директен судир помеѓу автомобил марка Сеат Кордоба со кочанска регистрација и автобус, што превезувал 50 мина туристи на одмор за Грција, на лице место загинале двајца од петтемина млади момчиња на возраст од 23 до 28 години, кои биле во Кордобата. Третиот им подлегнал на повредите во Клиничката болница во Штип. Останатите се здобиле со телесни повреди. Увид надлежните истражни органи од Кочани вршеа до рано утрово. Истрагата за тешката трагедија е во тек… Во исто време, кај местото викано виничка крстосница, откако загубил контрола врз автомобилот марка Волксваген пасат, 20 годишен виничанец го загубил животот слетувајќи со возилото во коритото на реката Брегалница… Вистински карамбол се случил во близина на Делчево, многу порано од претходните две сообраќајки. Околу 22 часот, кај местото викано Басарица, се судриле четири автомобили, две Ауди А – 4 со штипска и странска, поточно германска регистрација и две Волксваген Поло, од кои, едното е такси возило. Во судирот, животот го загубил возачот на еден од автомобилите марка Поло, а подоцна починала и мајката на еден од возачите на Поло автомобилите во делчевскиот Здравствен дом. Останатите, се здобиле со телесни повреди. Мештаните се шокирани. За нив, секој загубен човечки живот е рамен на трагедија.

– Катастрофа. Ова е вистинска катастрофа. Сите се виновни. Возачите оти возат брзо, и оние кои се надлежните овој така да гио кажам автопат, да го направи по безбеден, изјави анкетиран жител на општина Чешиново – Облешево.

– Навистина сум шокиран. Ова е повеќе од трагедија, особено кога се во прашање загинати млади лица. Сепак, мора да се знае, ова е многу опасен пат. Единствено решени, според мене како граѓанин, полицијата да постави контролни камери и сегашните казни да бидат енормно високи. Во спротивно и сами гледате на кое ниско ниво е совеста на возачите, особено оние младите без шоферско искуство, објасни анкетиран жител од кочанското село Чифлик.

… Според полициски извори, ова е една од најтешките и најобемни сообраќајни несреќи за последните неколку години, што се случиле за една ноќ на македонскиот Исток .

извор:канал5

Loading...