Трагедија вечерва: Брат и сестра загинаа од струен удар

8457

Двете лица според првичните информации се брат и сестра и настрадале вечерва од струен удар во дољевачкото село Орљане.

Според првичните информации станува збор за сопственикот на тамошната кафеана „Алас“ и неговата сестра. Несреќната жена доживеала удар од струја додека се бањала, а братот загинал додека се обидувал да ја спаси. Тој ја разбил вратата од бањата, но струјата и него го удрила и го убила на самото место.

Нишката полиција потврди дека пријавата за пронаоѓање на две безживотни тела ја добила вечерва во 21.50 часот.

Најверојатно е во прашање несреќен случај. Увидот е во тек.

извор:сителтв

Loading...