Трагедија: Маж се удави додека ловел риби

698

Педесет и две годишен маж од село Дреново се удавил вчера во водите на езерото кај браната Лисиче, општина Чашка.

Од полицијата информираат дека околу пладне додека Ѓ.Ј. и Б.И. (52), двајцата од Дреново, ловеле риба на браната Лисиче, виделе дека во езерото има тапа. Б.И. скокнал во водите да ја извади, по што потонал и не се појавил на површина.

Веднаш биле повикани полициски екипи како и нуркачки тим од Единицата за специјални задачи кои околу 18:15 часот го пронашле телото и го извадиле од езерото.

Loading...