Трагедија во Охрид: Мртов маж пронајден на улица

983

Машко лице вчера попладнето било пронајдено починато на улицата „Сатеска“ во Охрид.

По пријавата, полициски и екипи на Итна медицинска помош излегле на лице место, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

Полицијата утврдила дека починатиот е охриѓанецот М.Г. (55)  кој живеел на истата улица. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција чии резултати треба да ја утврдат причината за смртта.

Loading...