Трикот на ДПМНЕ е обструкција и блокирање на работата на законодавниот дом, што е клучната цел на тој потег

790
1

Пристојни луѓе во демократски земји нема да си дозволат да прават циркус од законодавниот дом како што тоа го прави кај нас злосторничкото здружение на ДПМНЕ. Во демократскиот свет членовите на една партија избрани во парламентот се викаат уште и Парламентарна партија или клуб и имаат свој координатор или гласноговорник на кој му се дозволува да говори подолго во име на сите од неговата група заради ефикасноста во работата на законодавниот дом.
Трикот на ДПМНЕ со формирањето 10 пратенички групи, може би го дозволува деловникот но е во спротивност со смислата на парламентарната демократија.
Прво. Тоа создава можност за неефикасни дебати, обструкција и за реално блокирање на работата на законодавниот дом, што е клучната цел на тој потег.
И второ. Така една партија добива 10 пати повеќе време за учество во дебатата по секое прашање од секоја друга партија во собранието.А тоа е дискриминација, нарушување на еднаквите права за обраќање кон граѓаните и извитоперување на смислата на парламентарната демократија.
Затоа тоа мора да се спречи со итно менување на Деловникот или со интервенција на Претседтелот на Собранието кој на секоја од партиите застапени во Собранити ќе им дозволи еднакво ограничено време за користење на собраниската говорница.
Во спротивно, сите ќе бидеме соучесници во овој процес на деградирање на Собранието со помош на маалски трикови.
На дело е обид за Македонија да остане во состојба на “заробена држава”.