Царовска спие во министерство? Живко Митревски се уште е претседател на ССМ

746

За оние што не се информирани, Живко Митревски, најголемиот антисиндикалец, се’ уште е претседател на ССМ. Откако поранешната министерка за труд и социјална политика Ременски ја уважи промената на раководството на ССМ, а по нејзината смена министерот на ВМРО-ДПМНЕ ја анулира нејзината одлука, новата министерка за труд и социјална политика Царовска реши да не се „меша“. Да беше ова прашање што не го засега Министерството за труд и социјална политика, во ред, убаво што не сака да се меша. Но, во ситуација кога министерството е надлежно да утврди дали има настанато промена или не во раководната структура на еден синдикат, „немешањето“ фактички значи заземање страна.

Пред една недела одржале состанок на Економско-социјалниот совет па ги поканиле и Живко Митревски и исклучените синдикати. Живко Митревски ја напуштил седницата по што не можел да работи Советот. Па, нормално, откако поради „немешањето“ на министерката, испаѓа дека Живко Митревски го претставува најсилниот синдикален сојуз во Македонија, не може без него да се одлучува.

Ситуација до која не би дошло ако новата министерка постапувала согласно своите овластувања како што постапи министерката Ременски. Или, со своето „немешање“ Царовска фактички кажува дека Ременски постапила незаконски?

Држењето на синдикалното движење поделено и, следствено, немоќно, е цел на секоја власт која не сака да ги штити работничките права. Се чини дека воздржаноста да се уважи промената на раководството на ССМ од страна на новата власт ја има токму таа цел. Повторно.

извор:слободенпростор

Loading...