Цеца оперирана во строга тајност!

Пред двe недели српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ е оперирана во строга тајност, а информацијата за хирушкиот зафат ја објави магазинот „Hello“.

Цеца  наводно драстично ги намалила градите и тоа од естетска причина.

Довербата им ја препуштила на лекарите од една приватна белградска клиника, а пејачката ја оперирал прочуениот бразилски доктор Ханс Астеага. Со него работел и уште еден експерт во областа, кој не сакал да коментира во медиумите за зафатот.

Цеца  закрепнува веќе неколку дена, а како изгледаат нејзините нови гради, допрва ќе видиме.

Инаку, пејачката веќе еднаш ги намали градите од здравствени проблеми, а изгледа дека сега промената ќе биде драстична.

Loading...