Црн викенд на патиштата во Македонија: 7 загинати и 5 тешко повредени

917
1

Трагичен викенд на патиштата во Македонија. 7 лица загинаа, а 5-мина се тешко повредни во три сообраќајни несреќи.

Два часа по полноќ на магистралниот пат Штип – Кочани , кај село Чифлик, патничко возило „Сеад Кордоба“ управувано од 28 годишен кочанчанец се судри со автобус со 58 патници. Од силината на ударот животот го загуби возачот на автомобилот и двајца сопатници на возраст од 23 и 25 години.

Останатите двајца патници во возилото се здобиле со тешки телесни повреди. 19 годишникот е пренесен на Ургентен центар во Скопје, а 23 годишникот во општата болница во Кочани. Од 2 и пол часот сообраќајот е во прекин и се пренасочува по локалните патишта.

Скоро истовремено на влезот во Виница, на мостот на река Брегалница, 20 годишен виничанец кој управувал автомобил „Пасат“ излетал од патот. Екипа на итната медицинска помош констатирала дека возачот им подлегнал на повредите на лице место.

4 часа порано, на магистралниот пат А-3 на влезот на Делчево се случила сообраќајка во која учествувале 4 возила. Возачот на „Ауди А4“, 69 годишен делчевчанец се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал во возилото на Итната медицинска помош при транспорт до штипска клиничка.

61-годишната сопатничка во автомобилот „Поло“ во коматозна состојба е пренесена во штипската болница, каде и таа им подлегнала на повредите. Со тешки телесни повреди во болницата се донесени и 39 годишниот возач и 31 годишната сопатничка во истото возило, како и 56 годишниот таксист кој исто така управувал автомобил „Поло“. Сите се задржани на понатамошно лекување.

Последната сообраќајка со последица смрт се случи вчера околу 19 часот на патниот правец Градско – Неготино кај локалитетот Стоби кога патнички возило управувано од непознато машко лице излетало од патот и се превртело по што возачот починал на лице место.

извор:скопјеинфо