Тунтев: Формирање на 10 пратенички групи е блокада на Собранието

962
1

Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев смета дека формирање на десет пратенички групи од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не е ништо друго освен блокада на Собранието и претставува оневозможување на реформските процеси.

ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и неодговорно. Ги повикувам да се откажат од несовесниот потег, кој е спротивен на државните и интересите на граѓаните, рече Тунтев.

Според него ВМРО-ДПМНЕ има право да ги формира пратеничките групи, но не за да ги опструира реформските процеси.

– Ние како парламентарно мнозинство ќе ги преземеме сите мерки за да ги спречиме во намерата. Од авион се гледа дека опструираат, за да не се разреши Марко Зврлевски, рече Тунтев.

извор:А1он