Туристи се пожалиле на труење со храна во хотел во Струга

205
1

Во медицинскиот центар во Струга во интерното одделение вчера биле донесени Е.Б. од Холандија и М.Т. и А.А. од Израел, сместени во хотелот „Изгрев“ во Струга, а се жалеле на труење од храна, информираат од МВР.

Тие, како што стои во полицискиот билтен, пријавиле дека храната ја консумирале во хотелот, а по укажаната лекарска помош биле пуштени од болницата.

Со случајот се запознаени и јавниот обвинител и Државниот санитарен инспекторат.