Убавата Шехерезад повеќе не личи на себе: Ваква фризура никогаш не би очекувале од неа! (Фото)

6248

Фановите ја пофалија турската дива за смелоста кога донела одлука да има токму ваква фризура.

Прекрасната турска актерка Bergüzar Korel која најмногу ја паметиме по улогата на Шехерезад во хит серијата “1001 ноќ”, повеќе не изгледа онака како што сеќаваме на неа.

Имено Bergüzar веднаш по завршувањето на снимањето на новата серија, побрза да направи експеримент со фризурата која минатото лето беше вистински хит во светот – коса во боите на виножитото.

Таа не се осмели со фарба и силни бои, но затоа нејзините стилисти и направија плетенки во кои вметнаа шарени ленти.

Актерката сакала да види како ќе и одговараат ситни плетенки и ја надгради косата а потоа гордо ја шеташе својата нова и весела фризура.

Нејзините фанови, кои се навикнати да ја гледаат со природно кафена коса со должина под рамената, беа изненадени од промената, но сепак ја пофалија турската дива на смелоста и одлуката да преземе ваков чекор за својата коса.

Како вам ви се допаѓа?

Фото: Instagram printscreen / berguzarberguzar

Loading...