УЕФА ги објави термините за мечевите на Вардар и Шкендија

442
1

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет страница ги објави термините на најголемиот број од натпреварите во плејофот за Лига Европа, кои ќе се играат на 17 и 24 август.

Македонија во оваа фаза има две екипи, Вардар и Шкендија, кои пред себе имаат тешка задача, да се пласираат во фазата по групи во Лига Европа. Вардар за противник го доби Фенербахче, а Шкендија ќе игра против Милан.

УЕФА објави дека Вардар во првиот натпревар ќе го пречека Фенербахче на „Филип Втори“ од 20 часот, а реваншот во Истанбул една недела подоцна ќе почне половина час порано (19:30).

Шкендија во првиот меч ќе му гостува на Милан во терминот од 20:45 часот, додека ќе терминот за реваншот во Скопје биде одреден дополнително.