Укинување на патарините во Македонија!

12561
1

На социјалните мрежи наголемо почна да се споделува онлајн петиција која го привлекува вниманието на јавноста.

Корисник со име Влад Гостивар ја покренал оваа петиција која засега има над 1000 поддржувачи.

„Укинување на патарините и воведување на „Вињета“ би го олеснило движењето по Македонските патишта. Исто така драстично би се намалиле неподносливите гужви на наплатните рампи особено во периодите кога низ државата транзитираат туристи. Локалните патишта би се растеретиле од возила и камиони кои луѓето ги користат како алтернатива со цел да заштедат плаќање патарина. Вработените во патаринити би се прераспределиле како контролори и продавачи на вињети, со добро конципиран систем Македонија ќе стане главна крстосница на Балканот.“, стои во образложението на петицијата.

Доколку сметате дека оваа петиција треба да добие поддршка и дека навистина би била корисна нејзината имплементација тогаш вашата поддршка може да дадете со потпишување овде.

АКЦИЈА