Уништил ферари вредно 290.600 илјади евра само еден час откако го купил

Момче го удри и го уништи своето ново Ферари во вредност од 290.600 илјади евра, само еден час откако го купило.  Возачот излетал од патот со автомобилот, по што тој се запалил. За среќа возачот поминал само со неколку модринки и гребнатинки по телото, но неговиот автомобил е целосно уништен.

Полицијата од Саут Јоркшир на својот ФБ профил објави фотографии од уништеното возило и напиша: „Добар ден на сите, ако утрово бевте заглавени во сообраќајот еве ја причината. Полицијата излезе на терен откако им пристигна информација дека едно возило одлетало од патот и се запалило. Условите беа лоши, а додека нашата полиција пристигне на терен автомобилот веќе беше пеплосан“.

Afternoon folks, were you stuck in traffic this afternoon on the M1 south around junction 37? If so, here's…

Posted by SYP Operational Support on Thursday, July 27, 2017

Од полицијата велат и дека останале шокирани откако возачот им соопштил дека има само неколку гребнатини на него и дека Ферарито го купил пред еден час.

извор: максфакс

Loading...